(ФОТО) ВООДУШЕВЕНА ОД ХРАМОТ СВЕТИ САВА: Ќерката на Трамп на прошетка во Белград

Добивај вести на Viber

Тифани Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, допатува во Белград. Српските фоторепортери ја уловија богатата наследничка со нејзиното момче и нивни заеднички пријатели во центарот на градот.

Манекенката ќе остане во Србија во наредните 11 дена. 

Денешното попладне го искористи за посета на музеи, а особено била воодушевена од храмот Свети Сава.

Тифани е ќерка на Трамп која ја доби од бракот со актерката и ТВ-лице Марла Мејплс.

Фото: Милан Илиќ