(ФОТО) Запознајте ги „lifestyle“ трендовите за оваа пролет

Добивај вести на Viber

Како вчера да го прославивме почетокот на нова година, а сега влеговме и во првиот пролетен месец. Иако температурите не изгледаат баш како за пролет сепак не се откажуваме и со раширени раце ќе го прегрнеме сонцето кога ќе се појави од зад облаците.

Пролетната сезона ни донесува и нови  „lifestyle“ трендови. Ако сте заинтресирани какви трендови не очекуваат погледнете во продолжение:

Боја на лаванда


Розовата може да одмори. Оваа пролет се ќе се врти околу виолетовата. Не игнорирајте ја бојата на јоргован бидејќи оваа нијанса дава нота на женственост и софистицираност.

Кардамон


Италијанскиот зачин во последните неколку месеци, доби навистина доста внимание благодарение на своите лековити својства, како што се намалување на висок притисок, спречување на одредени видови рак и намалување на депресијата, Овој месец наместо кафе, имајте чај latte.

Авокадо коктели


Авокадо-досега уживавме во паста со авокадо, тост со авокадо или го користевме како маска за лице, но сега можете да уживате во здравите коктели. Едноставно направете си смути од авокадо, додајте малку вотка, бел рум или текила.

Маскара во боја


Маскарите во боја доминираат на модните сцени во последните неколку сезони, но сега се појавуваат и на улиците. Изберете маскара во темно сина или виолетова боја. Комбинирајте со деликатна сенка за очи и неутрални ружеви.

Детали од бакар


Најголем овогодишен тренд во уредување на кујната ќе бидат бакарни ѕидови, осветлување и кујниски прибор. Исто така, ако во март не ја обновите целата кујна, може да додадете бакарен тренд во кујната со бакарни тенџериња.

Кристали


Кристалите се вратија. Познатите дами, од Адел до Миранда Кер се опседнати со нив, така да дефинитивно можете да ги видите на секое место во различни облици и бои. Исто така, ако не верувате во нивната моќ (пример, дека лесно ќе заспиете), дефинитивно изгледаат многу убаво на маса.