(ФОТО) ЗАПОЗНАЈТЕ ГИ СИТЕ ПРАВНУЦИ НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА: Со раѓањето на новиот принц денеска-има вкупно шест!
Кралицата Елизабета Втора само пред неколку дена наполни 92 години, и не само што има 8 внуци, туку има и пет правнуци, со денешното раѓање на новиот принц, кој пред неколку часа на свет го донесе Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам.
Ви ја донесуваме листата најмлади членови на кралското семејство.
1. Савана Филипс
Години:7
Родители: Принцезата Ана и Марк Филипс
2. Исла Филипс
Години: 5
Родители: Принцезата Ана и Марк Филипс
3. Принцот Џорџ
Години: 4
Родители: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Баба и дедо: Принцот Чарлс и Принцезата Дијана
4. Мија Тиндал
Години: 3
Родители : Зара Филипс и Мајк Тиндал
Баба и дедо: Принцезата Ана и Марк Филипс
5.Принцезата Шарлот
Години: 2
Родители: Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Баба и дедо : Принцот Чарлс и принцезата Дијана
6. Новородениот син (23 април, 2018) - Нема име додека ја пишуваме статијава
Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон денес на свет го донесе третото дете, уште еден принц!
Малиот принц е тежок 3,6 килограми. Иако според правилата на кралицата Елизабета е забрането да присуствуваат мажи на породувањето , принцот Вилијам сепак бил присутен кога Кејт го донела нивното трето дете на свет.
И мајката и бебето се добри, породувањето поминало во најдобар ред, а името на бебето ќе биде откриено подоцна, порачаа од кралското семејство.
Во текот на денешниот ден се очекува Кејт Мидлтон да се појави во јавност со својот новороден син.