Фотографија од онкологија циркулира на интернет - прашуваат: „Дали ова е нормално?“
Проблемите на онколошките пациенти никако да се надминат. Ходниците за жал се се‘ пополни со пациенти, а тоа го покажува и фотографијата која циркулира на интернет направена токму на онкологија. Револтираниот автор на сликата под неа напиша:
„Дали ви изгледа ова нормално? Или се заборави Онкологија? Секое чудо за три дена нели!! Ова е фотографија од утринава во 7ч. и 30 мин објавена од моја соборка. Замислете што е во 14ч. Оние што се‘ уште работат таму(способните)изгинаа од работа!! За нас пациентите УТОПИЈА, по цели денови се чека. Ги враќаат од терапии затоа што неможе да се постигне(нема кадар). Ајде доста ви беше избори, па оформување влада па дрн, дрн. Фаќајте се за работа и решавајте го проблемот. Смачено ни е од чекање. Во најмала рака свесен човек и здрав ќе појде барем еднаш во годината на Онкологија, во Лудница и на Гробишта. Чисто да види дека не е таму. За повеќе да го цени сопствениот Живот и да види колку е Среќен! "Емпатија" - што ли е тоа? Решавање на проблемите на Клиника под ИТНО!, оти и вие нема долго да траете!
Фото: Фејсбук