„Фотографијава нема цена“: Сеќавање на Игор за маестро Џамбазов и маестро Костов - Насмевките зборуваат колку уживале

Фотографиите, оние кои ги имаме во семејните албуми имаат посебна тежина и емоција. Ретро моментите кои може да се држат во рака се еден вид сеќавање кое никогаш не избледува.

Една таква фотографија на социјалните мрежи објави и шоуменот и актер Игор Џамбазов. Заедничка фотографија од неговиот татко, маестро Александар Џамбазов и неговиот пријател, композиторот Кире Костов.

„Маестрото и Маестрото“, напиша Игор.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)


И двете големи легенди го напуштија овој свет, но нивниот спомен останува преку музиката која имаат создадено во текот на нивниот работен стаж.

Фотографијата ја коментираше и ќерката на Кире Костов, Ана.

„Периодот кога големите професионалци, рамо до рамо ја градеа културата и поставуваа стандарди. Насмевките зборуваат колку уживале во процесот. Не Маестро, ами МАЕСТРО и двајцата“, е коментарот на Ана Костова.

„Фотографијава нема цена“, е коментарот на Панчо.

Фото: Инстаграм