(ФОТО+ВИДЕО) Русинки разголени се скијаат за Гинис

Добивај вести на Viber

Скоро 2000 скијачи се облекле само во костими за капење со цел да учествуваат во „најлудиот зимски настан" зимава и да го соборат Гинисовиот рекорд. Љубителите на зимските спортови го поминале викендот учествувајќи на овој несекојдневен натпревар во Сочи во Русија, облечени само во костими за капење, иако температурата била само 12 стeпени. 

Околу 20.000 луѓе ги бодреле натпреварувачите, а 1.800 кои се обидувале да го соборат Гинисовиот рекорд, се спуштале низ стазата во костими за капење. Моменталниот светски рекод за скијање во бикини е освоен во Сочи во 2016 година, кога учествувале 1.008 луѓе. 

Лани одмаралиштето Шерегеш во Сибир се обиде да го собори рекордот за скијање во бикини и да влезе во Руската книга на рекорди со 1.498 скијачи и сноубордери, но не обезбедиле доволно докази за да добијат официјална одлука од Гинис.