Француски маникир на еден сосема поинаков начин!
Француски маникир во различни бои!
Сите ја паметиме поп дивата Џенифер Лопез на почетокот на новиот милениум кога гордо го промовираше францускиот маникир, а воедно и може да се прогласи и за кралица на истоимениот имиџ. Веднаш по неа, почнавме и ние како тинејџерки да го копираме овој тренд, почнувајќи од лепење на селотејп на нокти и нанесување на бела тенка линија на самиот врв на нашите нокти.
Средени нокти се секогаш приоритет на секоја дама , без разлика на нејзината возраст. Тие се огледало на вашиот изглед и верувајте, кажуваат многу за една личност.Францускиот маникир е синоним за едноставни нокти, средени , а сепак модерни. Но, како што се менува модата, така се менуваат и трендовите во негата на ноктите кај една дама.
За вас, издвоивме неколку креативни идеи како би можеле да го носите вашиот омилен француски маникир на еден сосема поинаков начин. Пролетта е присутна, а летото за кратко ќе дојде на прагот, па дозволете си еден мал експеримент и разубавување на вашите нокти во боја.