FREEDOM TO MOVE караванот на Volvo Cars пристигнува во Скопје

Почнувајќи од денес од 12:00 часот до 23.05.2019 до 18:00 часот (вторник, среда и четврток) во Скопје пристигнува FREEDOM TO MOVE караванот во организација на Volvo Cars.

За првпат во Македонија, Volvo ќе се претстави со специјално дизајниран Pop Up Showroom - мини салон кој ќе биде поставен на платото пред Skopje City Mall (од страната на Play Cafe), во кој ќе биде изложен најпродаваниот модел во моментот: Volvo XC40, a за посетителите и потенцијалните клиенти во текот на сите три дена ќе бидат достапни за тест возење сите модели на Volvo Cars кои се достапни на пазарот и тоа во сите изведби.

Сите посетители можат да закажат тест-возење и на лице место, но во секој момент можат да закажат и онлајн преку страницата: https://www.volvocars.com/mk/freedomtomove каде можат да се најдат и сите дополнителни информации за Freedom to Move кампањата.

Во оваа прилика, за првпат ќе имате можност да се запознаете со новите модели на Volvo: S60 и V60 CC кои ќе бидат во продажба во нашата земја веќе од следната недела.