Фриленс пакет прилагоден на потребите на современите професионалци

ПроКредит Банка скрои примамлива понуда наменета за фриленсери од Македонија, специјално дизајнирана да ги задоволи уникатните потреби на современите професионалци. Како прва банка во земјата што ја препозна важноста на фриленсерите во земјата, ПроКредит Банка нуди низа финансиски решенија и поддршка за младите луѓе кои вообичаено работат за странски пазар.

Фриленс пакетот обезбедува целосна поддршкана фриленсерите, кои работат дигитално, имаат приливи од странствои најчесто немаатрегулиран статус на вработување во Македонија. Следејќи ги потребите на модерните професии ПроКредит Банка екслузивно нуди:

Личен банкарски советник кој ќе ве води низ банкарскиот процес и ќе ви помогне да донесете информирани финансиски одлуки

Кредитни понуди за станбен, инвестициски, еко и автомобилски кредит

Трајна изјава за спуштање на приливи од странство со можност за бесплатни приливи

•Можност за уплата и исплата на ЕВРА директно од банкомат во зоните 24/7  без провизија

ПроКредит банка нуди можност за добивање на кредит, како што е кредит за инвестиции или станбен кредит, за клиенти кои работат за странство и имаат редовни месечни примања. Право на аплицирање за кредит остварува секој фриленсер од Македонија, кој има отворена сметка во ПроКредит банка и има доказ за историја на работен ангажман со кој се потврдува континуиран прилив не пократок од шест месеци. 

Дополнителна придобивка од пакетот е можноста за потпишување трајна изјава за спуштање приливи од странство, што значи дека клиентот треба само еднаш да дојде во банка и понатаму сите останати приливи автоматски се спуштаат на личната сметка. Со тоа ПроКредит овозможува флексибилност, слобода и заштеда на време, за разлика од досега познатата традиционална пракса за посета на банка при секој пристигнат прилив. Право на трајна изјава има секој фриленсер што ќе приложи договори дури и со различни клиенти, но по ист основ за извршување ист тип на дејност.

Покрај денарската сметка, ПроКредит банка обезбедува сметки и во евра, задоволувајќи ги потребите на своите клиенти кои претпочитаат различни валути, како и стандардните денарски и девизни штедни влогови. Банката обезбедува мултивалутни картички, во денари и во евра, овозможувајќи им на своите клиенти повлекување и уплата на ЕУР на банкомати.

ПроКредит е единствена банка на пазарот која работи исклучиво преку дигитални канали, што го олеснува секојдневниот пристап на клиентите во управување со своите финансии.

Одберете банка која ве поддржува во секој чекор, за да можете безгрижно да се фокусирате на развојот на вашата кариера.

За повеќе информации за Фриленс пакетот, посетете ја веб страницата: https://www.pcb.mk/frilenseri.nspx

или контактирајте со личен банкарски советник за фриленсери:

Телефонски број и Viber: 070 376 960 и 070 376 962

ПР објава