Фудбалската магија станува реалност: Oригиналниот FIFA World Cup™ трофеј пристигнува во Скопје!

Добивај вести на Viber

За првпат во македонската фудбалска историја, нашата земја ќе биде дел од петтата турнеја на FIFA World Cup™ трофејот организирана од Coca-Cola, официјалниот спонзор на настанот.

Фудбалски фанови во земјата, време е за еуфорија!

Оригиналниот и единствен златенFIFA World Cup™ трофеј конечно пристигнува во нашата земја. Сите вљубеници во фудбалот, кои сонуваат да го видат трофејот кај нас, ќе имаат единствена можност да видат како нивниот сон станува реалност на 21 мај во ПивараСкопје. Оригиналниот трофеј изработен од чисто злато, доделен на победникот на Светското првенство во фудбал на ФИФА (FIFA World Cup™) во рамките на официјалната церемонија, ќе пристигне во Скопје како дел од светската турнеја наFIFA World Cup™ трофејот.

Трофејот, заедно со амбасадорот на ФИФА, Жилберто Силва, пристигнуваат во совршен момент – токму навреме за големата возбуда пред почетокот на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup™) во Катар и е оригиналниот трофеј што ќе му биде доделен на наредниот победник на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup™). Македонските обожаватели ќе бидат сведоци на фудбалската магија во живо и ќе имаат ексклузивна можност да ја искусат еуфоријата на Светското првенство на ФИФА (FIFA World Cup™) во Катар.

„Ова е, несомнено, настанот на годината, каде што сите фудбалски фанови стануваат едно и ја доживуваат магијата на фудбалот во живо! Почнувајќи од Дубаи, преку Скопје, па сè до Буенос Аирес, турнејата на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј е моментот што ќе ја разгори фудбалската магија во која веруваме со толку голема страст и која може да биде преточена во реалност само од страна на Coca-Cola. Чувствуваме огромна и искрена возбуда што сме дел од овој клучен момент во македонската фудбалска историја, каде што македонските обожаватели ќе имаат можност да ја посведочат магијата на фудбалот што се случува токму пред нивните очи“, изјави Мартин Атанасовски, сениор бренд-менаџер во The Coca-Cola Company.

Турнејата на оригиналниот World Cup™ трофеј овозможена од Coca-Cola ќе патува кај 54 фудбалски нации, покривајќи ги сите конфедерации на ФИФА. Македонскиот настан кој е дел од големата турнеја на FIFA World Cup™ трофејот - спектаклот што уште повеќе ќе ја зајакне нашата позиција на светската фудбалска мапа, ќе се одржи на 21 мај со почеток во 17 часот и 30 минути во Пивара Скопје, овластениот производител на Coca – Cola во нашата држава.

Фудбалските обожаватели што ќе ја посетат веб-страницата на Coca-Cola ќе имаат можност да добијат покана за турнејата на FIFA World Cup™ трофејот преку едноставно регистрирање и пријавување според принципот на случаен избор.

Поканетите фудбалски обожаватели преку веб-страницата ќе имаат единствена можност да го искусат возбудливото искуство од турнејата на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј, на големиот настан што ќе се случи во Пивара Скопје, заедно со мегаѕвездите „Суперхикс“ и Тамара Тодевска, и ќе уживаат во уникатното доживување и во уште многу други возбудливи случувања.

Турнејата на оригиналниот FIFA World Cup™ трофеј спонзорирана од Coca-Cola, вклучувајќи ја и посетата на турнејата на трофејот во нашата земја, се внимателно и ефикасно планирани за да се оптимизира потрошувачката на енергија и за да се намали испуштањето штетни гасови при превозот, со цел оваа светска турнеја, да биде еколошки најодржливата турнеја досега.

Сите новости и информации за турнејата на FIFA World Cup™ трофејот следете ги на страницата на Coca-Cola на Facebook, како и на официјалната страница на Coca-Cola Makedonija на Instagram.


ПР објава