Фустанот на Mеланија Tрамп со вртоглава сума: Претседателот падна во сенка
Првата дама
на Америка е повторно топ тема во модните списанија
Меланија Трамп, повторно е топ тема во магазините. Таа го придружуваше сопругот, американскиот
претседател Доналд на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и
неговата сопруга Сара во Белата куќа пред потпишувањето на историскиот договор
меѓу Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин а многумина приметија дека
американскиот „прв пар“ беше модно усогласен.
Американскиот претседател за овој настан одбрал
тегет костум со бела кошула, а неговата сопруга, сепак, остави посилен впечаток
во темносиниот фустан со средна должина украсен со бели детали. Станува збор за
модел на модната куќа Прада, кој чини
3.700 долари.
Во согласност со вообичаениот стил на Меланија, првата
дама на САД аутфитот го комбинираше со бели високи потпетици на Кристијан Лубутен, во
вредност од скоро 680 долари.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Ја истакна фигурата во бел припиен фустан: Меланија Трамп повторно ги украде погледите