(ГАЛЕРИЈА) Чевли идеални за долги априлски прошетки
Април не е најдобар месец за сандали, па дури ни за чевли со високи потпетици...
Идеален е за чевли со стабилна широка потпетица, кои се удобни и идеални за долги пролетни прошетки. Затоа денес од изборот на богата понуда луксузни и high street брендови избравме такви модели.
Минатата сезона чевли со В израз станаа омилен модел на трендсетерките, а така останува и оваа сезона. Покрај В изразот , оваа пролет модните куќи користат продлабочени и тесни отвори во кои нозете изгледаат многу витки. Важно правило е штиклата да биде стабилна и широка.
Овие чевли можете да ги носите во комбинација со лежерни панталони, омилени фармерки, строги одела, сукњи во сите должини и цветни фустани.
Модели на стабилна пета се претставени од модните куќи Celine, Dries van Noten, Jil Sander и Prada. По нив овие модели ги претставија и Zara, Mango и Massimo Dutti.