(ГАЛЕРИЈА) Чолиќ, Самарџиќ, Георгиев и цела македонска естрада заедно на свадба во Скопје

Здравко Чолиќ, Жељко Самарџиќ, Владо Георгиев, и најголемите македонски ѕвезди се гости на свадбата на познатиот менаџер Кристијан Стефановски, и неговата сопруга Ана Стојковска. 

Стефановски е организатор на концертите на повеќето од нив, па затоа сите дојдоа да му направат чест. 

На забавата која е во полн ек, се веселат и Лозано, Виолета Томовска, Димитар Андоновски, со сопругата Христина, Елвир Мекиќ со сопругата Лејла, Јован Јованов, Роберт Саздов, хит мејкерот Лазар Цветковски, Јоце Панов, Кристина Арнаудова со сопругот Александар, Благоја Грујовски, Драган Вучиќ и многу други. 


М.Џ. 

фото Вангел Тануровски