(Галерија) Елена Петреска, Лила, Малинкова и Велевска со минималистички црн стил на „Мел Фест“
Вчеравечер во центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на македонската фестивалска сцена се врати познатиот фестивал „Мел Фест“. Еве како изгледаа дел од присутните познати македонски ѕвезди.
Уметнички директор на фестивалот е пејачката Елена Петреска, која изгледаше одлично во светкав црн костим.
Водителка на гала вечерта беше Лила Стојановска, која избра полу провидна модна креација со розови детали.
Наташа Малинкова се одлучи за минималистички црн сако фустан и црни чизми.
Пејачката Елена Велевска истотака се појави во минималистичка црна комбинација со кожени панталони и црна кратка блузичка.
Меѓу останатите кои настапија на фестивалот се Наде Талевска, Андријана Јаневска, Симона Поповска, Игор Узунов, Маријан Стојановски, Огнен Здравковски, Горан Наумовски со Горан Папаз, Анастасија Аврамовска.
Инаку, она што се случуваше вчеравечер е само најава и всушност почеток за ’Мел-фест – талент-шоу’, кое ќе започне пред Нова година, низ 15 градови во Македонија.