(ГАЛЕРИЈА) ЕВА ЛОНГОРИЈА ЈА ПРОДАВА КУЌАТА ВО ХОЛИВУД: Ѕирнете каде живееше досега актерката ....

Добивај вести на Viber

„Очајната домаќинка“ ја продава својата куќа во Холивуд поради проширување на семејството...

На семејството на Ева Лонгорија наскоро ќе му се придружи нов член. Актерката е во поселедните месеци на бременоста и веќе во јуни очекува бебе. Големите промени влијаеа и на „станбеното прашање“. Како што стана познато, неодамна ѕвездата на „Очајни домаќинки“ ја стави на продажба својата елитна вила во Холивуд за 3,7 милиони долари. Ова пространа куќа со вкупна површина од 800 квадратни метри, Ева ја купи во 2006 година за 3,6 милиони долари. Има шест спални соби и девет купатила: главната соба има камин, а пет соби имаат сопствено купатило.

Долниот кат има и голем дневен престој со трпезарија, два камина и огромен балкон. Исто така во куќата има целосно опремена кујна со бар, теретана, канцеларии, домашно кино и приватен вински подрум. Во рамки на куќата се наоѓа отворен базен, спа салон, тераса со простор за скара и летна кујна, тераса поплочена со камен, која на станбената целина и дава медитерански дух. Не територијата постои и гаража за два автомобили.

Инаку, ова не е единствената вила на актерката. Таа има имот на Беверли Хилс, во Малибу и ранч во Тексас.