(ГАЛЕРИЈА) Големо освежување на бестселерот на Audi - A4
Најважниот модел на Audi, по 4 години во производство добива освежување. Овој седан сега изгледа помоќно и поспортски. Надворешноста е оформена по новиот дизајнерски јазик на брендот, MMI инфозабавниот систем сега е како вашиот паметен телефон и повеќето изведби доаѓаат со благ хибриден погон. Ова исто така се пренесува и на спортскиот S4 модел кој под својата хауба сега има V6 TDI мотор со електричен компресор кој дозволува забрзувањето да се одвива спонтано.
Спортски изглед
Благодарение на софистицираните елементи кои го нагласуваат целокупниот дизајн, новиот A4 изгледа подинамично, поспотски и пософистициран од својот претходник. Singleframe предната решетка е поголема и самиот нејзин дизајн наведува на моќта која е под хаубата. LED светлата сега доаѓаат како стандардни, а достапни се и супериорните Matrix LED светла со автоматско соборување.
Внатрешност
Со новиот MMI систем, Audi овозможува контролирање на сите значајни функции со операции слични на смартфон. Големината на дисплејот е 10 инчи, висока респонзивност и одлична графика. Новиот систем вклучува и интернет пристап. Интересни апликации кои ќе бидат достапни, за жал само во неколку земји, вклучуваат Car-to-X услугата што подразбира споделување на информации со останати Audi возила за состојбата на патот, online информации за застои и несреќи на пат, информации за слободни паркинг места, како и online информации за патните ознаки. Она што е интересно, новиот A4 може да се поврзе со централната компјутерска станица за контрола на сообраќајот, со што возачот може да ја одбере соодветната брзина на возење за да го фати секој нареден семафор на зелено. Овој систем ќе се воведува во поголемите европски градови за почеток.
Директно пред погледот на возачот се наоѓа добро познатиот Virtual Cockpit, кој со големина од 12,3 инчи дозволува преглед на сите важни информации на возачот.
Електрификација на A4
Audi ќе го понуди новиот A4 со 8 турбо мотори, со моќност од 100 kW до 255 kW (150 КС до 347 КС). Оваа понуда започнува со А4 35 TFSI до најмоќниот S4 TDI. Сите мотори ја исполнуваат новата Euro 6d-temp регулатива за емсиии.
Благ хибриден погон сега достапен и во A4. Овој MHEV систем со 12 волти служи за намалување на потрошувачката на гориво и го олеснува самиот процес на возење.
Во почетокот, сите верзии на A4 ќе се нудат со автоматски S-tronic менувач со седум брзини или tiptronic со осум брзини.
Суспензија
Спортската суспензија е добро позната карактеристика на A4, која во целост ги хармонизира одличните возачки способности и динамиката на патот. Во почеток, достапна ќе биде стандардна и спортска суспензија како и две варијации на адаптивна суспензија, која го спушта A4 за 10 милиметри, нудејќи одличен комфор, или спуштање до 23 милиметри за максимална динамика во возењето.
Дизелска моќ – Audi S4 TDI
Двата S модели на A4 се опремени со V6 дизел мотор. Со 3 000 кубни центиметри, 700 њутни и 347 коњски сили, додека преносот на моќта на патот е со tiptronic менувачот е брилијантна. Додека максималната брзина е електронски ограничена на 255 км/ч, забрзувањето од 0 до 100 се завршува за само 4,8 секунди.
Електричниот компресор (EPC) овозможува забрзување без значителни „драми“ од типот на сецкање помеѓу промените на брзина, додека во исто време го елиминира задоцнетото вклучување на турбината, што овозможува одлична респонзивност во сите ситуации на патот. Потребно е само да ја залепите десната нога на педалата до доле и останатото ќе го направат електронските системи. Благиот хибриден погон во S верзиите доаѓа со 48 волтна батерија кој е задолжен за контрола на повеќето електрични системи, како што е алтернаторот и благата рекуперација на енергија.
Осум степениот tiptronic менувач и перманентниот Quattro погон на сите тркала ја сочинуваат есенцијата на доставувањето на моќта. Во комбинација со спортскиот диференцијал, новиот A4 ја пренесува моќта на задните тркала, а кога е потребно, силата се пренесува и на предните тркала кои имаат најголема тракција со патот соодветно.
Доминација на патот во сите услови – новиот A4 Allroad Quattro
Благодарение на погонот на сите тркала и висината од 35 милиметри, новиот Allroad Quattro комбинира одличен комфор со брилијантни офф-роуд способности. Опремен со своја, уникатна суспензија и дополнителна заштита на долниот дел од возилото, новиот Allroad ќе ги помине сите препреки во дивината без многу труд.
A4 Allroad Quattro е достапен со бензински или дизел мотор, автоматски менувач, специјално подесена суспензија и контрола на дамперите. Багажниот простор е повеќе од задоволителен со 495 литри или 1459 доколку се спуштат задните седишта. Audi Drive Select системот овозможува избор помеќу 6 профили на возење.