Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Како да носите цветен дезен на неколку начини оваа сезона
Цветниот дезен буквално секоја пролет се враќа на големата модна врата и ги оплеменува нашите стајлинзи.
Воглавно можеме да го видиме на фустани и женствени модни парчиња, но и аксесоари и други модни детали. На крајот на краиштата, го сакаме цветниот дезен и забавен вајб кој ни го донесува, но и начинот на кој ни го озвежува целиот изглед и го поправа расположението.
Еве како и на кои начини можете да го носите овој дезен и да го засакате, дури и ако сте навикнати да носите само монохроматски комбинации.