(Галерија) Како не треба да носите хеланки: Модни катастрофи од познатите дами

Добивај вести на Viber

По модните статистики, ова парче облека предизвикува најмногу модни катастрофи, бидејќи без разлика колку да се обидуваме да го носиме во секојдневни комбинации, речиси како по правило изгледаме вулгарно и евтино.

Модните експерти сметаат дека во светот на хеланките може да изберете само црна, тегет и кафеава, и само со нив не може да погрешите! Исто така, нивните совети се да ги комбинирате со туники кои покриваат го задникот, со „oversized“ џемпери и кошули, додека во областа на обувки се препорачуваат длабоки чизми или салонки - но тука комплетниот изглед треба да изгледа скапо, секси и смело.

Хеланките сакаат да ги носат и светските ѕвезди како Ким Кардашијан, Џиџи Хадид и Џенифер Лопез и често даваат свои примери за „како не треба да носиме хеланки“.