(ГАЛЕРИЈА) КЕЈТ МИДЛТОН НАСМЕАНА И ВО ЦРВЕН ФУСТАН ГО ПОКАЖА НОВОРОДЕНИОТ ПРИНЦ: Први фотографии за јавноста

Добивај вести на Viber

Војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам го покажаа третото дете само неколку часа по породувањето. Таа и принцот се дочекани пред луксузната болница Сент Мери во Лондон, каде фановите и новинарите престојуваат цел ден.

Родителите изгледале пресреќни додека позирале со новородениот принц. Кејт за оваа прилика избрала едноставен црвен фустан со чипкан детаљ околу врат и салонки во коќа боја.

Постариот брат и сестра принцот Џорџ и принцезата Шарлота, не им се придружија на родителите, но веќе го запознаа малиот брат кога татко им ги донесе во породувалиште. Џорџ бил во школска униформа кога се појавиле пред новинарите.

Третото дете на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е родено денес во 11 : 01 часот по британско време, а Кејт утринава е примена во болница. Иако кралицата забраи мажи да присуствуваат на породувањето, Вилијам беше до својата сопруга додека се породуваше.


9640234l

36147538

36147539

99881387

775156779RH00022_The_Duke_D

775156780RM017_The_Duke_Duc

Photo: Samir Hussein/  www.vanityfair.com