(ГАЛЕРИЈА) LOUIS VUITTON ја претставува новата капсула колекција
Со цени кои одат од 485 до 2300 долари, новата Louis Vuitton капсула колекција специјално е дизајнирана за да ви го разубави претстојното лето ...
Љубителите на модата кои се подготвуваат за фантастичен одмор, ќе имаат прилика непосредно пред тоа да си набават некоја од класичните Louis Vuitton чанти, со нов, модерен и необичен пресврт.
Мешајќи ги Monogram или Damier Canva дезените со интересни илустрации Speedy, Neverfull, Pochette Metis и Neonoe, овие ташни ќе ви помогнат да оставите впечаток каде и да се најдете. Како омаж на минатото, оваа колекција има фанки изглед, кој е во совршена усогласеност со трендовите на денешницата.
Секој предмет од оваа специјална колекција е претсtавен во галеријата подолу. Секако, овие новитети се малку поскапи од своите стандардни верзии, но веруваме дека многумина ќе сфатат во што се крие нивната вредност. Новата Neonoe чанта чини 1950 долари, односно 360 долари повеќе од оригиналот, додека Neverfull ќе ве чини 1750, Pochette Metis 2.350 и Speedy 1.920 долари.
Од друга страна, што се однесува до паричниците, Sarah паричник чини 995 долари, додека Zippy верзијата во поголема варијанта е понудена за 940 а во помала 485 долари.