Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) МАИЧКИ СО ПРИНТ - најкул модни парчиња ова лето
Маички со принт се еден од модните додатоци кои добро им стојат на сите, и може да се комбинираат речиси со се.
Секојдневни се, а може да бидат и помалку свечени, безвременски, и може да се кобинираат на илјадници начини.
Разновидноста на маичките со принт е бесконечна - различни бои, пораки или слики а на вас е само да ја изберете онаа која најмногу и одговара на вашата личност.
Носете ги со фармерки за секојдневни прилики или со сукња и штикли за вечерно излегување. Бирајте модерни маички со порака, оние со лого на омилениот бренд или пак оригинална уметност која никој ја нема.
Погледнете како ги носат светските блогерки, но и што се нуди во понудата на HighStreet брендовите.
Повеќе фотографии разгледајте во галеријата.