(ГАЛЕРИЈА) Моќта на љубовта меѓу сестрите: 10-годишно девојче присуствува на раѓањето на својата сестра

Добивај вести на Viber

Моќната серија фотографии од раѓање ја истакнува убавината на љубовта меѓу две сестри.

Полина Спилета документира породувања веќе четири и пол години. Минатиот месец таа имаше можност да фати многу посебен момент за семејството Кук во Бока Ратон, Флорида.

Кога Кетрин Кук се подготви да го донесе на свет своето трето дете, ја покани својата 10-годишна ќерка, Кајла, да биде присутна при раѓањето и да го фати бебето. Големата сестра среќно се согласи, што доведе до емотивно доживување кое Спилета го фотографира.

- Беше магично да се види запознавањето на двете сестри за прв пат. Искрена и чиста љубов- раскажа фотографката за Huffpost.