(ГАЛЕРИЈА) Најпопуларен хотел на Инстаграм-ќе посакате веднаш да се најдете таму!

Добивај вести на Viber

Постојат три елементи, кои фотографијата за Инстаграм од одмор може да ја прослават или уништат: дестинацијата вредна за посета, убавото време и прекрасното природно опкружување...

Хотелот за кој ви зборуваме овој пат, Anantara Kihavah Maldives Vilas ја однесе победата во сите три категории, поради што ниту малку не нѐ чуди што е прогласен за хотел кој најмногу пати е објавен на таа социјална платформа.


Сместен на малиот остров во Индиски океан, овој хотел со своите вили нуди луксузен, но изолиран одмор во исто време, одговарајќи на секоја желба, давајќи ни можност да се оттргнеме целосно од барањата на секојдневниот живот.


Многу луѓе мислат дека опциите за забава и одмор се ограничени бидејќи се наоѓаат на остров, но, всушност ова одморалиште нуди шест ресторани со различни кулинарски понуди.

Величенствените вили над вода имаат кади на отворено и приватни базени, од кои можете да уживате во неверојатни залези на сонцето.


Самиот остров поседува бел, нежен песок и кристално чиста вода, која секоја фотка ќе ја направи сјајна без многу труд.

Инаку, одморалиштето титулата најпопуларен хотел на Инстаграм ја доби по гласањето на корисниците на интернет - дури 121 000 гласови се добиени во текот на оваа анкета, а 45 385 го посетиле Anantara Kihavah  одморалиштето.


Признајте дека еден поглед на фотографијата ве наведува да почнете да фантазирате за одмор.