(ГАЛЕРИЈА) Северина сними спот со најсексапилниот Бразилец

Добивај вести на Viber

Северина работи со полна пареа овие денови. Таа неодамна го објави спотот за песната „Однапред готово" која беше снимена со Петар Грашо, а силите ги здружи и со српскиот бенд „Милиграм" во песната „Од лето до лето." Веќе во вторник, фановите на Северина ја очекуваат нејзината нова песна „Туторијал", за која таа веќе го сними видео записот.

Северина на нејзиниот Инстаграм профил објави неколку фотографии од снимањето, а посебно внимание привлече фотографијата со Педро Солц, Бразилец кој се смета за еден од најзгодните фраери на планетата.

Педро Солц е хрватски зет кој се преселил во Хрватска, поради неговата љубов кон Ирис Чекуш, со која има ќерка Лара.

Згодниот бразилец во Хрватска дошол во 2016-та година, а веднаш по пристигнувањето, добил помала улога во серијата „Kud puklo da puklo", каде што глумел бразилски фудбалер. Во таа прилика за Index.hr, убавиот Педро, кој во тоа време бил во фаза на изучување на хрватскиот јазик, изјавил:

-Ми се допаѓаат Хрватите, јас навистина уживам во Хрватска. Ми се чини дека Хрватите навистина живеат за своето семејство и ми се допаѓа тоа. Неколку смешни факти кои ги научив се: Ракија е лек за се и промајата е најлошото нешто во светот.