Моден фокус // Трендови
(ГАЛЕРИЈА) Сезона на еспадрилите-обувки кои и нашите мајки ги носеа со љубов
Нашите пролетни ритуали задолжително вклучуваат барем еден нов пар еспадрили. Бидејќи овие чевли бараат убаво време, сонце, долги прошетки и патувања.
Оваа сезона пристигнуваат во толку многу варијанти што можеме до бескрај да ги комплетираме со разни комбинации.
Ниски, на платформа, со везови или целосно еднобојни како дизајн. Од тексас комбинезони кои и во оваа сезона остануваат супер актуелни, со разкроените здолништа, до макси фустани на цвеќиња- имате еден куп комбинации кои можете да ги правите со еспадрилите кои обожаваа да ги носат дури и вашите мајки.
Ако не сте доволно инспирирани, доволно е да ја погледнете галеријата.