(Галерија) Стилот на Никола Димитров: Белата кошула му е заштитен знак

Добивај вести на Viber

На првиот официјален избор „Маж на годината“ се наградија 10-те најуспешни мажи во Македонија за 2018-та година. Во категоријата за „Маж со најдобар стил“, наградата ја доби Министерот за надворешна работи, Никола Димитров.

Никола Димитров е роден во 1972-ра година, а пред да стане Министер за надворешни работи имаше долгогодишна успешна дипломатска кариера. Тој е во брак со Наташа и има три деца.

Неговите јавни појавувања и тогаш и сега, како и во земјава, така и во странство, се одбележани со одличен избор на облека. Секако станува збор за елегантните костими надополнети со компатабилни обувки и каиш, кои ја задоволуваат потребата за строгиот деловен дрес код кој го бара неговата професија.

Димитров е фан на вратоврски со дезен, кои буквално во секоја прилика ги комбинира со бела кошула. 

Министерот знае дека белата кошула е добар избор како за формални, така и за полежерни модни комбинации, а со малку имагинација (неговите вратоврски) може да го освежи целиот изглед и да делува многу ефектно.

Затоа има и прилики кога белата кошула ја носи во покежуал варијанта, односно без сако и без вратоврска, недозакопчана во горниот дел.

Никола Димитров исто така секогаш со себе понесува насмевка, и затоа кај познаниците важи за шармантен и духовит човек.


Д.Караташова