Гавазова со емотивна порака: Ќерко моја, веста кога слушнав дека ќе станам мајка...

Добивај вести на Viber

Една од нашите најпопуларни фолк пејачки Сузана Гавазова во друштво на сопругот, помалата ќерка Селена и пријателите го прослави 9-тиот роденден на, како што вели, својата прва љубов Емили.

- Секој твој роденден ми дава исто толку радост колку што ми даде кога прв пат ја слушнав веста дека ќе станам мајка. Среќен роденден љубов моја! Среќен роденден ќерко моја, да си ми жива и здрава! Те сакам најмногу..., напиша Гавазова во објавата на социјалните мрежи.


А роденден како роденден, не може да помине без одлична забава. Пејачката навистина се потрудила Емили да се чувствува како вистинска роденденска кралица, во присуство на своите другарчиња. 


Фото: Fcebook/SuzanaGavazova