Генијална пролетна диета: Ќе се спасите од килограмите без да гладувате
Доколку сакате да се храните здраво, а сепак вкусно, ова е идеалната диета за вас
Добро е познато дека пролетта е вистинско време да се започне со детоксикација и диета. Разновидната понуда на зелена салата, спанаќ, млад кромид и ротквици ни дава широк спектар на здрава храна.
Многу е важно овој период да не прескокнуваме оброци, и да јадеме во одредено време. Првата недела може да биде тешка, но секако можете да комбинирате јајца, сирење и јогурт, а овие протеини ќе ви помогнат да останете сити подолго.
Почитувани нутриционисти препорачаа количината на месо да се зема во висина, на пример, ако сте високи 180 сантиметри, можете да јадете 180 грама бело или црвено месо.
За ручек идеално е да се јаде риба, додека зеленчукот не е ограничен, само не е пржено или поховано.
Исто така, важно е да избегнувате газирани сокови, слатки, сушени производи од месо. Секако, физичката активност се препорачува најмалку 20 минути дневно.
Диета:
Прв ден
Појадок: две цели кришки леб, младо сирење, чаша сок од портокал
Ручек: издинстано говедско месо со пиперки, домати, моркови и кромид и два варени компири
Вечера: пилешка супа и интегрален тост
Втор ден
Појадок: ѓеврек и шолја зелен чај
Ручек: печена мисирка и варен грашок
Вечера: варено јајце, парче младо сирење и парче леб
Трет ден
Појадок: две кришки интегрален леб со путер, чаша сок од грејпфрут
Ручек: омлет од две јајца со динстани печурки и салата од домати
Вечера: варена риба, салата од брокула со лук и маслиново масло и лимон и парче младо сирење
Четврти ден
Појадок: палента со шолја јогурт
Ручек: печено пилешко со зеленчук и варен интегрален ориз
Вечера: салата со домат, краставица, младо сирење, млад кромид и тост
Петти ден
Појадок: два препечени тоста со џем, шолја млеко од соја
Ручек: супа од зеленчук со парчиња пилешко месо, парче леб
Вечера: салата од краставици со јогурт и две или три ленени плочки.