Актуелно // Insta вести
Германскиот ракометар Дисингер стана македонски зет: Карачиќ му е баџанак, а Дибиров кум (ФОТО)
Германскиот ракометар Кристијан Дисингер вчера се венча со неговата долгогодишна девојка Македонката Марија Андоновска.
Невеста изгледаше посебно во интересен краток фустан, додека младоженецот се одлучи за класичен костим.
Како поранешен ракометар на „Вардар“, тој е во одлични пријателски односи со тамошните ракометари, па така и дел од нив присуствуваа на церемонијата. Инаку Тимур Дибиров му беше кум, а Дисингер за баџанак од вчера го има и Хрватот Игор Карачиќ, кој е во брак со сестрата близначка на Марија, Душица Андоновска.
Дисигнер и Марија се верија лани на нејзиниот роденден.