Ги крена сите на нозе во „Ѕвездите на Гранд“ со признанието дека некогаш била машко: Погледнете како изгледала Алина како маж (ФОТО)

Трансродовата Алина минатата сабота се претстави пред жирито и публиката во „Ѕвездите на Гранд“, а со својот изглед и исповед привлече големо внимание.

Трансродовата учесничка во „Ѕвездите на Гранд“, Алина привлече големо внимание во минатата епизода од музичкото натпреварување, а од жирито доби 6 гласови и помина во вториот круг. Доаѓа од Словенија, а некогаш го имала името Алино Јухарт и има 29 години.

Алина за себе вели дека ѝ претставува голема чест што е на сцената на „Гранд“ и смета дека Србија и регионот треба да запознаат жени како неа. 

„Сакам да ја инспирирам секоја личност да го живее својот живот и својата животна вистина. Луѓето ме викаат „Кралица“, но кога ми се обраќаат по име, тогаш ме викаат Алина“ - изјави натпреварувачката, која жирото ја поддржа во нејзиниот избор да го живее животот на начинот на кој сака.

Алина уште во тинејџерските денови беше дел од сцената, тогаш како Алино, а има учествувано и во едно друго музичко натпреварување. Исто така, на нејзиниот Инстаграм профил се наоѓаат фотографии од младоста, па јавноста таму има можност да види како изгледала како маж.


фото: Принтскрин / Инстаграм