Ѓорѓе Давид за Женски Магазин: Не очекував ништо, Славица долго беше заспана, но покажа дека може

Добивај вести на Viber

Вчеравечер 21-годишната Славица Ангелова од Струмица победи во 16-тиот по ред натпревар на „Ѕвездите на Гранд“

Нејзиниот ментор, музичарот Ѓорѓе Давид,специјално за Женски Магазин раскажа за среќата во ваквите моменти.  

Не очекував ништо, но ја застапував тезата дека таа е најдобриот женски вокал за оваа сезона. Долго беше заспана, некаде до некој петти шести круг, а потоа инсистирав дека мора да се разбуди и да ја покаже својата сила, да ја покаже својата решителност, па вечерва излезе и покажа дека всушност може, и што сѐ во себе има.


Рокерот важи за посветен ментор кој дава сѐ од себе за да го извлече најдоброто од своите кандидати.

- Секако дека ќе продолжам да работам со неа, трудејќи се да ја изведам на вратата на која сметам дека треба да ја изведам, што ќе правам и со сите мои финалисти, и со Џенан Ракиќ и со Милан Букилиќ. Но Славица е навистина некој кој е сериозна класа на пејач во оваа некоја поп музика и мислам дека таа може да има сериозна кариера, дека таа може многу сериозно да ја претставува својата земја Македонија како што тоа и на крајот на краиштата го направи оваа година во финалето.

Јас реков дека ја имам така некоја поврзаност, од мојот прв кандидат во мојата прва сезона, кој се викаше Даринос, па потоа целата таа моја приказна понатаму преку останати успешни кандидати за да минатата година ја завршам во финале со Александар Јосифовски и Андријана Петрушовска од Македонија. 


Ѓорѓе Давид и во претходни интервјуа за нашиот магазин посочувал дека нашата земја му е на срце.

- Оваа сезона неверојатно сум среќен поради тоа што после долги долги години успеав на Македонија да ѝ ја вратам статуетката за победничка на „Ѕвездите на Гранд“. Ја сакам Македонија како што и цело време велам и секогаш на посебен начин со кандидатите посветувам внимание. Бев неколку пати и кај Џенан во Бихаќ и се трудев на секој начин да добие што поголемо внимание од луѓето од страна и во неговиот град. Кога е Славица во прашање, мислам дека тој некој посебен вид на приватна скромност и тивкост, направи уште поголема разлика од тој момент до оној кога ќе се качи на сцена и ќе го пушти својот глас. Отровот се чува во мали шишенца, пардон во мали шишиња и Славица е повторно доказ дека тоа апсолутно така делува. Пресреќен сум, ѝ честитам, но нејзината борба и мака дури сега почнува по оваа статуетка која ја доби. Знам дека апсолутно го заслужи тоа и Македонијо фала ти од срце што го почувствува вистинскиот момент и гласаше за својот единствен претставник оваа година во „Ѕвездите на Гранд“. Благодарам, знам дека неа ја направивте најсреќна на свет, но мене не ме направивте ништо помалку среќен од неа. Трудот се исплатеше и тоа е тоа- завршува тој.


*Д.Караташова Илиоска