Ѓорѓе Ѓоковиќ искешира 20.000 евра за луксузно патување: Братот на Новак ја почести сопругата со одмор за паметење (ФОТО)
Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата сопруга Сашка отпатуваа во Грција каде уживаа за сите пари
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Ѓорѓе Ѓоковиќ ја почестил својата сопруга на романтично патување на Миконос, за кое потрошил 20.000 евра.
- Сашка и Ѓоле најпрвин беа во Црна Гора, каде најчесто крстараа со семејната јахта, а потоа се упатија кон Грција. Тие престојуваа во луксузно одморалиште на Миконос, каде престојуваат бројни светски ѕвезди. Ова одморалиште е резервирано само за оние со длабоки џебови, па Ѓоковиќ за само десет дена искешираа 20.000 евра - вели извор близок на семејството.
Иако пред само три месеци станаа родители на малиот Александар, Сашка и Ѓорѓе си поминуваат одлично како никогаш досега.
- Преку ден се сончаат и пливаат на плажа, а навечер излегуваат во клубовите во рамките на одморалиштето. Во текот на летната сезона таму настапуваат најпознатите диџеи, што особено ги воодушеви. Сашка набрзина ја врати линијата која ја имаше пред породувањето, а за да ја задржи не пие алкохол при излегување и внимава на исхраната. Исто така, ниту таа ниту Џоле не јадат месо, туку само овошје, зеленчук, а понекогаш и риба.
На брачната двојка очигледно ѝ недостига семејната јахта, па решиле неколку дена да крстарат по убавото грчко море.
- Изнајмија брод, со кој крстарат по Егејското море и посетуваат плажи и заливи до кои не може да се стигне по копно. Тие беа и на неколку помали острови лоцирани во близина на Миконос и беа воодушевени од скриените плажи што ги пронајдоа - вели изворот.
Извор: www.blic.rs