Глеј со нова опција – пренос на настани во живо!
Првата македонска стриминг платформа Глеј (GLEY), на 26 август 2023 г., на своите корисници за првпат им нуди ново возбудливо искуство - гледање на настани во живо.
Овој новитет, Глеј го воведува преку директен пренос на борби од 49-тото издание на „Bare Knuckle“, најбрзорастечкиот боречки спорт.
Возбудата за секој љубител на овој спорт е уште поголема, имајќи в предвид дека за шампионска титула во велтер категорија, а против искусниот ветеран Џејк "Gypsy" Линдси, се бори македонскиот ас, непобедливиот Гого "Braveheart" Славески.
Гого, со перфектен скор од 5 победи и 0 порази, ќе ги одмери силите со искусниот ветеран Линдси кој има 4 победи и ниеден пораз.
Настанот со вкупно 5 борби ќе се одржи во Мајами, на 26 август 2023 г., со пренос во живо со почеток во 02 часот по полноќ, а ден по емитувањето борбите ќе бидат достапни во архивата на Глеј.
Со овој директен пренос, Глеј најавува дури 20 „Bare Knuckle” настани во живо, коишто исто така ексклузивно ќе се емитуваат на платформата, но и голем избор на веќе завршените борби што во секое време ќе бидат достапни на Глеј.
Преносот во живо корисниците на Глеј со активен пакет ќе можат да го следат на апликациите на СМАРТ ТВ и мобилните уреди. Во следните неколку месеци ќе се овозможи гледање на овие преноси и на WEB страницата gley.tv на компјутер.
Не пропуштај! Регистрирај се и гледај! Сега веќе и настани во живо.
Глеј! Кога,каде и колку сакаш за само 299 ден. месечно.