„Го гледав како се бори за воздух, не можев да му помогнам“: Татко на три деца починал од пијалок кој сите го конзумираме

Мајка на три деца остана вдовица откако нејзиниот сопруг доживеа срцев удар предизвикан од пијалок што скоро сите го консумираме

Касондра Рејнолдс од Калифорнија пред девет години ја загуби љубовта на својот живот - сопругот со кој беше во брак десет години и со кој има три деца. Починал ненадејно, од срцев удар на 41-годишна возраст.

Џон Рејнолдс често работел ноќе, поради што секој ден прибегнувал кон енергетски пијалоци за да остане буден.

- Тој ми беше се, мојата сродна душа, а сега го нема - вели Касондра, која се присетува дека на 5 февруари 2011 година го слушнала нејзиниот сопруг како се бори за воздух додека спиел до неа во кревет.

Таа брзо го преместела на подот и почнала да му дава вештачко дишење, а три минути подоцна пристигнала брза помош.

- Не можев да верувам што се случува. Бев во паника и шок бидејќи немав поим што се случува со мојот сопруг. Видов дека лицето му стана сино и сиво и само се молев да преживее - вели несреќната жена.

Џон преживеал во болница, но таму бил ставен во индуцирана кома.

-Беше здрав, вежбаше секој ден, еден месец претходно отиде на систематски преглед и се беше во ред. Кога дојдовме во болница, лекарите ми рекоа дека нивото на шеќер во крвта му е страшно високо и ми поставуваа прашања за неговите навики, дали има некакви здравствени проблеми.

Неколку дена подоцна, лекарите објавија дека неговиот мозок е мртов, а Касондра се соочила со страшна одлука - таа требаше да одлучи дали да ги исклучи уредите што го одржуваа во живот.

- На крајот докторот ме праша дали Џон конзумира енергетски пијалоци и јас реков да, по еден дневно. Потоа ми објасни дека е доволен само еден енергетски пијалок за да се наруши срцевиот ритам.

Касондра решила да го тргне Џон од апаратите кои го држеле во живот и ги однела децата во болница за да се поздрават со својот татко.

-Тој беше одличен татко и најдобар сопруг, да го гледам како умира е најтешкото нешто што сум го доживеала во животот. Срцето ми се скрши. Тој беше љубовта на мојот живот и мојата сродна душа“, раскажала жената.

Неколку години по смртта на нејзиниот сопруг, Касондра на секој начин се обидува да ја подигне свеста за последиците кои можат да ги имаат енергетските пијалоци - комбинацијата на шеќер и кофеин со адитиви понекогаш е премногу за срцето.

- Сакам луѓето да знаат колку се опасни овие пијалоци. Докторот ми кажа дека луѓето што ги пијат си играат руски рулет со својот живот и тоа навистина ме погоди - вели таа, додавајќи дека лекарите и рекле дека нејзиниот сопруг инаку „имал срце силно како 25-годишник“.


фото: Printscreen/Facebook