Животна училница // Приказни
ГО ИМАМЕ ОДГОВОРОТ: Еве каде се најубавите плажи на светот
- 12 Јули, 2019
Кох Ронг е остров во Камбоџа кој е многу мал, но се одликува со плажи со мек бел песок.
Toj е втор по големина остров во Камбоџа и се наоѓа на околу 25 километри од брегот. Местото е познато по изобилството на плажи, а речиси 2 / 3 од крајбрежјето на островот е покриено со песок и е погодно за активности на вода.
Од плажа до плажа ве возат чамци, кои можат да се изнајмат ако брановите не се големи, а до некои од нив може да се стигне и пешки.
Уште не е многу популарно место за туристи, па постојат бројни плажи на кои времето можете да го поминете потполно сами.
Островот е познат и по „светлосните бранови“, односно по феноменот цутење на планктони, кои на брановите им даваат магична боја.