„Го јадев ова секој ден и добив рак на дебелото црево на 24 години: Еве зошто сум сигурен дека тоа е причината за болеста“
Еден маж откри дека ова го јадел секој ден, и
тврди дека поради тоа добил рак на дебелото црево
Еден млад Американец преку социјалните мрежи решил да ги предупреди своите врсници за опасностите што демнат во секојдневна исхрана, тврдејќи дека токму неговата лоша исхрана предизвикува рак на дебелото црево.
Дијагностицирана му е кога имал само 25 години и смета дека токму тоа е одговорно за болеста.
- Дијагностициран ми беше кога имав 24-25 години, но докторот ми рече дека сигурно туморот го имам веќе три години. Моја вина е! Во тоа време буквално живеев на сендвичи - призна младиот човек кој видеото го објави на TikTok, пренесувајќи им порака на многумина кои не внимаваат што јадат.
Во видеото истакна дека е премногу мрзлив да готви сам и дека јаде брза храна речиси секој втор ден.
- Буквално јадев само сендвичи и супи. Исто така, многу црвено месо. Никогаш не сум одбил стек кога ми го понудиле. Докторите не ми кажаа директно дека тоа е причината, но претпоставував дека не сум далеку од вистината. Секогаш ме прашуваат за медицинска историја и семејна генетика. Во моето семејство нема историја на рак на дебелото црево, така што генетиката не е фактор на ризик во мојот случај - рече тој.
Оваа изјава набрзо наиде на голем број коментари на TikTok: „Мојот онколог ми рече дека веќе би ја добил Нобеловата награда доколку точно знаел што предизвикува рак“, „Одговорно тврдам дека храната игра клучна улога и за целокупното здравје и за добивање рак“, „Барем на време дознавте, се надевам“, се само дел од коментарите под објавата.
Има се поголем број на студии кои ја поврзуваат брзата храна со сериозни здравствени проблеми, вклучително и кардиоваскуларни болести. Брзата храна го зема својот данок, создавајќи милиони луѓе кои стануваат зависни од медицинска нега и се соочуваат со лош квалитет на живот.
Иако експертите не можат со сигурност да ги потврдат поединечните причини за рак, многумина се согласуваат дека лошата исхрана е еден од клучните фактори на ризик. Апелот на младото момче на социјалните мрежи стана моќна порака до неговата генерација, која често е подложна на брза, евтина и лесно достапна храна.
Фото и Видео: ТикТок/фреепик