Го намалува апетитот, топи сало и исфрла токсини: Започнете го денот со овој оброк и ослободете се од масните наслаги засекогаш

Добивај вести на Viber

Вака изгледа вкусен и здрав оброк по препорака на нутриционист

Начинот на кој го започнуваме денот е многу важен. Нутриционистите едногласно се согласуваат дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот и затоа е потребно да се избере вистинската храна.

Овој рецепт е вкусен, а истовремено и оброк полн со витамини и растителни влакна што ќе му помогне на организмот да се исчисти од токсини, да го забрза метаболизмот и да започне процес на разградување на масните наслаги.


Потребни состојки:

-Три децилитри јогурт со малку маснотии или кефир

-Лажичка мелено семе од лен

-Лажичка какао во прав

-Две лажички овесни снегулки

-шака суви сливи


Начин на подготовка:

Сливите ставете ги во еден децилитар врела вода и оставете ги десетина минути во покриен сад. Ставете овесни снегулки, мелено ленено семе и какао во друг сад, прелијте со јогурт или кефир и добро измешајте.

Натопените сливи ситно исецкајте ги или изблендирајте ги, па додајте ги во садот со останатите состојки. Оставете го во фрижидер и наутро ќе имате подготвен, здрав и вкусен појадок, кој ќе го исчисти телото од токсини, ќе го стимулира варењето и ќе ви помогне да изгубите килограми.

Нутриционистката исто така препорачува да ги прилагодите и намалите другите оброци, како и да воведете некаква физичка активност за резултатите да бидат подобри и побрзи.


Фото: freepik

Можеби ќе ве интересира:

За добар старт на денот: Заборавете на кафето и започнете го утрото со овој пијалок (РЕЦЕПТ)