За добар старт на денот: Заборавете на кафето и започнете го утрото со овој пијалок (РЕЦЕПТ)
Телото треба да се чисти од време на време и да се ослободи
од штетните материи што се таложат со текот на времето, а летото е идеално
време за тоа.
Со цел да му помогнеме на нашето тело и да го ослободиме црниот дроб и да му овозможи полесно и подобро функционирање, добро е од време на време да го детоксицираме организмот. Ова најдобро се постигнува со природни сокови.
Овој рецепт за пијалок кој е направен од само 2 состојки, може да помогне во слабеење, и да помогне во ослободувањето од токсините, но и да ги стимулира дигестивниот тракт и метаболизмот.
Потребни состојки:
-2 поголеми парчиња лубеница
-еден лимон
Начин на подготовка:
Лубеницата исечкајте ја на парчиња што ќе ги ставите во соковник или блендер. Додадете сок од лимон и измешајте сè и пијалокот е подготвен.
Еве како состојките на овој сок влијаат на организмот:
Лубеницата содржи големи количини на Л-цитрулин, аминокиселина која се претвора во бубрезите во аминокиселина л-аргинин - која ги чисти токсините и другите отрови од телото. Исто така, лубеницата е добар извор на калиум, кој ја поддржува работата на бубрезите и е голема помош во чистењето на организмот, а исто така помага да се изгуби несаканата тежина.
Лимонот го стимулира дигестивниот систем и го решава проблемот со запек. Црниот дроб сака и лимони. Покрај тоа, лимонот го алкализира телото и помага да се врати рамнотежата на pH на телото.
Фото: Freepik
Можеби ќе ве интересира:
Го чува срцето, ги исфрла токсините, може да го регулира нивото на холестерол: Рецептот за овој напиток треба секој да го знае