ГО ПРЕЖИВЕАЛ И ШПАНСКИОТ ГРИП, А СЕГА И КОВИД-19, 101 годишен старец од Римини пуштен од болница

Еден 101-годишен маж беше пуштен од болница, откако се опоравил од КОВИД-19. Ова го објави заменик градоначалникот на италијанскиот град Римини, Глорија Лиси. Старецот, идентификуван само како „господин П.“, бил примен минатата недела во болницата во Римини во североисточна Италија, откако бил тестиран и се покажало дека е позитивен на вирусот дд кој страда светот.

Тој беше ослободен од болницата во четвртокот. Покрај тоа, рече градоначалникот, ова е „навистина извонредно“ и дека таквото закрепнување од човек, стар повеќе од сто години, ќе даде „надеж за иднината“. 

Овој старец е роден во 1919 година, истиот период во кој косеше шпанскиот грип, пандемијата во која починаа приближно 30 до 50 милиони луѓе на глобално ниво. Тој израснал меѓу Првата светска војна и Втората светска војна и сега, се покажа дека е најстариот пациент кој се опоравил од КОВИД-19 во Италија.

Инаку, во пандемијата од шпанскиот грип, која во 1918 година почнала да го напаѓа и неговиот град, во следните години животите ги изгубиле 600.000 Италијанци, но овој стар господин тогаш бил поштеден.

Целиот текст за Господин П. прочитајте го на Фактор.мк