Ѝ го уништи животот: Стана вдовица на 29-годишна возраст, а потоа ја научи страшната вистина за нејзиниот сопруг

Веста за нејзиниот сопруг ја дознала од заеднички пријател шест недели по неговата смрт.

Робин Вудман стана млада вдовица кога нејзиниот сопруг почина во несреќа со нуркање. Но, таа не е традиционална вдовица - нејзината тага не е резултат на загуба, туку е преплавена со гнев и чувство на предавство.

Кога нејзиниот сопруг клекна на едно колено две години порано и ја запроси, почувствува дека нешто не е како што треба, но сепак рече „да“. Проблемите започнаа набргу по венчавката, но тие беа решени со брачни терапии.

Робин помисли дека конечно ги оставија проблемите зад себе, кога еден ден нејзиниот свет се сруши. Нејзиниот сопруг почина, а таа остана вдовица на само 29 години.

View this post on Instagram

A post shared by Robyn Woodman (@robynwoodman)


- Сите вдовици минуваат низ слична болка, но јас бев во тој клуб само шест недели. Ударот што го добив по смртта на Макс ме смести во друг, дури и поексклузивен клуб - рече таа.

Кога бракот ќе заврши, или со смрт или со развод, тајните обично излегуваат на површина, а она што Робин го открила посакала да остане скриено засекогаш. Имено, нејзиниот сопруг имал бројни афери од денот кога се запознале.

- Додека се забавувавме, тој имал и други девојки. Ова продолжило и за време на нашата свршувачка и брак. Тој го одржувал својот богат љубовен живот цело време - рече таа.

Веста за неверството на нејзиниот сопруг ја дознала од заеднички пријател шест недели по неговата смрт, а потоа се уверила кога ги проверила неговиот телефон и компјутер.Тагата ја заменил гневот, а како што вели, не можела да им верува на мажите долго време. Тоа буквално ѝ го уништило животот.


Извор: srbijadanas.rs