Го запознав на најнеобично место: Тијана и Милан слават 18 години брак

Добивај вести на Viber

Токму на Велигден, пејачката и актерка Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан, слават полнолетсво, 18 години од брак. Со емотивна посвета на својот Инстаграм профил, Тијана му ја честиташе годишнината на Милан и ја откри историјата за тоа како го добила своето име и како го запознала сопругот.

Тијана со внукот Дарен, синот на Тамара 

„Мојата мајка, (многу пред да стане тоа), ја читала приказната на Ѓура Јакшиќ за Тијана која била вубена во Милан. Поради таа Тијана на Ѓура, подоцна одлучила дека и јас треба така да се викам. Две училишта, една Академија и „неколку“ љубови подоцна, го запознав Милан на местото на кое не ни знаев дека можам да бидам (кошаркарски натпревар), затоа што спорт не поднесувам. Од тогаш, ние двајца поднесуваме сѐ. Од тогаш, сите мисли ми почнуваат со множина. Нека ни е среќна годишнината, љубов моја“ ,напиша Тијана. Таа и Милан се родители на десетгодишниот Вук. 

Ќерката на Тамара и синот на Тијана.- Хана и Вук 

Музичарката која живее во Белград, и од прва ја освои домашната публика со улогата на Ула во серијата „Преспав“ со семејството овој Велигден го поминува во Скопје. Тијана и нејзината сестра, Тамара Тодевска објавија среќни фотографии од семејна прошетка со Вук и неговите братучеди Хана и Дарен, децата на Тамара и на Александар.