Година исполнета со бебешки звуци, вие сте дар од Бога: Четворката од Штип слави прв роденден

Добивај вести на Viber

Леонтина и нејзините тројца браќа Михаил, Теодор и Ведран, четирите дечиња - близначиња, на семејството Зикови полнат една година.

Малите херои кои ги освоија срцата на цела Македонија денес слават роденден. Mама Благица Митева Зикова со неколку фотографии од дечињата и роденденска торта ја сподели убавата вест на социјалните мрежи, а покрај објавата напиша:  

„Додека ве носев така малечки во моите раце, додека спиевте на моите гради го чувствував вашиот бебешки мирис, не ни помислував колку брзо ќе пораснете и еве денес полните 1 годинка.

1 година исполнета со бебешки звуци, со многу галење, гушкање со мамичка и татичко. 

Вие сте нашиот дар од Бога, имајте среќно и благословено безгрижно детство.

Мама и тато ќе направат се‘ да ја добиете најголемата љубов во вашето детство.

Растете ми растете мили мои дечиња...

Нека ви е среќен првиот роденден!“


На денот на заминувањето на четворката од ГАК во нивниот дом во Штипд-р. Елена Ѓоргиевска Николовска, која „на свет“ ги донесе Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран истакна дека е прекрасно чувството сите четири бебиња заедно да се испратат дома и порача дека за сите кои беа дел од оваа среќна приказна, тоа било огромен предизвик.

А пред една година, само неколку дена по породувањето на бебињата мајката на четворката Благица Зикова во интервју за Женски магазин истакна: „Во животот секогаш се водев по чувството како ми вели срцето и желбата да бидеш добар човек. Сакав да бидам борбена жена како мајка ми и успеав. Ги имам моите бебиња, се остварив како мајка со преголема желба и радост“.


Фото: Фејсбук

Р.Ж.М.