ГОДИНИ КОГА ЖЕНИТЕ ОФИЦИЈАЛНО ПРЕСТАНУВААТ ДА ИЗГЛЕДААТ МЛАДО: Поразувачка вест од британски научници
Индустријата на подмладување е еден од најисплатливите бизниси на денешницата.
Се проценува дека до 2021 година производството на лосиони, серуми и додатоци на исхраната кои ветуваат побавно стареење ќе вредат преку 216 милијарди долари.
Но, што кога би ви кажале дека, со целиот тој труд, сепак постојат прецизно одредени години во кои едноставно престанувате да изгледате младо?
Дваесетите години се најбезгрижен период во животот. Кожата ви е речиси волшебно еластична, очите ви сјаат, а ни мамурлците не се толку страшни.
За жал, се што е убаво, кратко трае. Се покажува дека на својот 30-ти роденден официјално почнувате да изгледате старо.
Британците оваа пресвртна година ја сметаат за „престанок на младоста“, според последно истражување. И додека повеќето остро ќе одбијат дека во 30-тите па дури и во 40-тите всушно се „средовечни“ луѓе, средните години навистина почнуваат во средните триесетти“.
Ако сакате да се утешите, можете слободно да го земете предвид фактот дека во угледниот Оксфордски речник стои како средни години се оние помеѓу 45 и 65 години од животот.