ГОДИШЕН ОДМОР: Им треба на сите за да не се соочат со синдром на прегорување

Добивај вести на Viber

Одмор им треба на сите луѓе, независно дали се вработени или невработени. Тој е потребен за да си ја обновиме енергијата и да се подготвиме за новите предизвици кои нè чекаат секој ден. Според психолозите, мора да си дадеме оддишка за да не дојдеме во состојба да се соочиме со синдром на прегорување. Одморот посебно им е потребен на луѓето кои се занимаваат со стресни професии.

„Човекот по природа е активно битие на кое му треба движење, работа и смисла за своето постоење. Работата е извор за основна животна егзистенција па така сакале или не сакале, за да преживееме мора да заработуваме. Постојат различни видови на работа и според степенот на умор, стрес, ризици и тешкотии при работењето така се одредува одморот кој ни е потребен. Секому е потребен одмор и оддишка дури и на оние кои се со статус невработени. Самиот стресен начин на живот, предизвиците со кои се соочуваме секојдневно, многуте обврски во домот и надвор од него, работни ангажмани и слично, се повеќе и од доволни причини дека мора да запреме и да одмориме барем на кратко. Со тоа ќе си ја повратиме енергијата, полнејќи ги батериите за повторно да можеме да му се вратиме на секојдневието. Постои термин синдром на прегорување или синдром на работна исцрпеност кој означува дека поради големо количество на стрес, исцрпеност и замор од работењето се јавува состојба на емоционална, психичка и физичка исцрпеност. Оваа состојба се манифестира со намалена концентрација, неможност успешно да се одговори на работните задачи. Синдромот на работна исцрпеност најмногу се појавува кај социјалните работници, здравствените професионалци и професорите, но постои во секоја професија и на секое работно место“, вели Наталија Наумовска, психолог.

Продолжува на фактор.мк