Голема прослава во домот на Ѓоковиќ: Се огласи снаата на Новак, а честитките пристигнуваат од сите страни
Братот на најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата сопруга Сашка Ѓоковиќ прославија втора годишнина од бракот.
Сашка се огласи на својот Инстаграм профил. Имено, таа сподели слики од свадбата на кои пишуваше:
- Среќна годишнина од брак, две години - пишува на фотографијата на нивната фан страна која ја сподели на споменатата социјална мрежа.
Тие се венчаа во 2022 година
Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата избраничка Сашка Веселинов, се венчаа во црква во Белград на 12 септември 2022 година. Прославата продолжи со гостите во Црна Гора, во познатото одморалиште во Херцег Нови.
На свадбената прослава во Црна Гора присуствувале само членовите на нивните семејства и најтесниот круг на пријатели.
Инаку, ноќевањето во хотелот каде четири дена резервирале сместување за гости за две лица чинело 3.300 евра, додека цената на повратниот авионски билет била околу 200 евра. Со едноставна пресметка се доаѓа до сума од дури 150.000 евра и тоа само за сместување и превоз на гости.
Ноле и Јелена се венчаа и во Црна Гора, која особено ја сакаат Ѓоковиќ, но тие го избраа Свети Стефан.
Фото: ИнстаграмИзвор: Blic.rs