Голема прослава во домот на Неда Украден: Пејачката никогаш нема да го заборави овој ден
Пејачката има посебна причина да биде среќна!
Неда Украден, позната пејачка која е на естрадата повеќе од половина век, истакнува дека семејството секогаш е на прво место во секоја прилика. Додека во кариерата постигна се што сакаше, најголема радост и е семејството - ќерката Јелена, внуците и зетот. Денеска е важен ден во домот на оваа поп дива, бидејќи го одбележува денот кога таа стана мајка.
Најубавата роза во градината на мама!
Во емотивната порака која ја напиша заедно со фотографијата со нејзината ќерка, Неда и испрати роденденски честитки на својата мила Јелена. Таа не тргна по стапките на нејзината мајка и не сака многу да се експонира, но се посвети на кариерата како маркетинг директор и сопственичка на салон за убавина. Покрај успешната деловна кариера, Јелена е и мајка на три деца, среќно омажена со Предраг Пеца Миновиќ, кој на нејзината рака го истетовира потписот на Неда во знак на наклонетост кон свекрвата.
- Мојата најубава роза, мајкина среќа, радост и гордост! Среќен роденден драга моја Јецо, да си здрава и весела уште долго, долго! Те сака твојата мајка Неда - напиша покрај фотографијата со ќерката, а покрај нив две во преден план е букет црвени рози.
Неда истакнува дека во се ги поддржува Јелена и нејзиниот зет и дека секогаш ќе стои на нивна страна. Таа го пофали својот зет како добар сопруг, родител и домаќин, нагласувајќи дека се почитуваат и дека заедништвото во семејството им е исклучително важно. Пејачката истакнува дека е важно да се врати семејното заедништво во општеството, нагласувајќи дека недостига таква поддршка и поврзаност меѓу луѓето.
Фото: ИнстаграмИзвор: Republika.rs