Голема спектакуларна забава за Вториот роденден на Голд Фелициа

Добивај вести на Viber

На 17 Јули Голд Фелициа го прослави својот втор роденден со спектакуларна забава која создаде незаборавно искуство за сите присутни.

Вечерта ја отвори КУД Илинден со презентација на дел од својот богат фолклорен репертоар. Нивните колоритни костими и динамична кореографија го покажаа нашето богато културно и уметничко наследство.

Забавата продолжи со настапот на Група Фонтана и специјалните гости Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Бојан Стојков и Полина Тасева кои ги поведоа гостите на несекојдневно музичко патување посветувајќи ја вечерта на доајените на македонската народна музика Пепи Бафтировски и Јонче Христовски.

Настанот ја истакна посветеност на целокупниот персонал на Голд Фелициа да им обезбеди искуство од светска класа на своите посетители. Беспрекорната услуга, луксузниот амбиент и вниманието на деталите додадоа дополнителен сјај на величественост на вечерта, правејќи ја навистина незаборавно доживување.

ПР објава

ГАЛЕРИЈА: