Големи романси кои завршија неславно: Ова се сите пропаднати љубови од „Ѕвездите на Гранд“

Некои не издржаа долго, додека некои се крунисаа со брак и траат со години...

Популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ на свет донесе многу пејачи во големи естрадни имиња, а меѓу некои од нив се роди вистинска љубов.

Сепак, некои не издржаа долго, додека некои се крунисаа со брак и траат со години.

Како бомба одекна веста дека Исак Шабановиќ и Александра Младеновиќ повеќе не се заедно.


- Така е, раскинавме. Беше убаво додека траеше... Александра е одлична девојка и ќе останеме пријатели. Сепак, сфативме дека сме различни и дека најдобро е секој да си оди по својот пат. Раскинавме и имам убави спомени од нашата љубов. Сега сум целосно посветен на мојата работа и настапи и на подготовка на нова песна - изјави Исак, кој со колешката беше во врска три месеци.

Тие не се првата пејачка двојка која ставила точка на врската. Имено, на изненадување на многумина, во 2008 година стапија во врска Рада Манојловиќ и Милан Станковиќ, која траеше околу четири години.

Турбулентниот период го оставија зад себе, а по раскинувањето останаа во добри односи.


Велат дека првата љубов не се заборава, а бидејќи Рада неодамна раскина со Харис Берковиќ, почнаа гласини дека ја обновила љубовта со Милан.

Сепак, не секоја приказна има среќен крај. Љубовта која пропадна беше онаа помеѓу Милена Ќераниќ и Немања Стевановиќ. Нивната романса која не траеше долго ја одбележаа многу кавги за време на нивното учество во реалното шоу „Фарма“, а откако си заминаа решија да стават точка на врската и секој тргна по својот пат.


Александра Пријовиќ и Љуба Перучица по натпреварот запловија и во љубовна врска, но по две години врска решиле да раскинат, како што тогаш рекоа, останале во коректна врска и секој тргнал по својот пат.

За некој вистинска, а за некој прва љубов се случи токму на сцената на Гранд. Првото момче на Милица Тодоровиќ беше нејзиниот колега Ненад Јовановиќ, со кој се натпреваруваше во втората сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Откако раскинаа, пејачката најде нова среќа во прегратките на Раде Ковачевиќ, инаку брат на популарниот пејач Саша Ковачевиќ.


Сите се сеќаваат на љубовта помеѓу Ана Севиќ и Дарко Лазиќ кои ја имаат ќерката Лорена. Иако по разводот секој замина на своја страна, овој поранешен пар често беше проследен со бомбастични наслови во весниците кога е нивната врска во прашање.

Уште една љубов која се роди на сцената на Гранд, а неславно заврши е љубовта меѓу Тања Савиќ и Дарко Филиповиќ.


Имено, Тања и Дарко беа во врска во 2005 година на натпреварот за „Ѕвездите на Гранд“. Бурната врска ја прекинале по неколку месеци бидејќи Филиповиќ наводно не можел да ја поднесе нејзината љубомора. По раскинувањето не останаа во коректни односи, пишуваат медиумите.


(Извор: Telegraf.rs

Фото: Youtube/Instagram Screenshot