Горчливата вистина која никој не сака да ја каже: Најтажниот сјај на празничните елки и украси (ВИДЕО)
Предновогодишната еуфорија задолжително подразбира заминување во шопинг и купување на украси за Нова година. Блескави куглици, разнобојни лампиони и сијалички, креативни фигури, се тоа е неизоставен дел од божиќните и новогодишни празници и она што домот во тие денови го прават уште потопол.
И додека некогаш за декорации и украси мораше да се потроши голема сума пари, денес може да ги набавиме за ситни пари. Главната причина е, што како и дузина други работи се произведуваат во Кина.
Во „Божиќниот град“ Јиву, оддалечен 320 км од Шангај, се произведуваат 60 отсто од сите божиќни украси на светот, од капи за Дедо Мразовци, па се од елки со оптички влакна.
Зад сјајот на блескавите украси, се крие приказната за тешката работа на луѓето кои ги прават. За да би можеле ние да им се восхитуваме на нашите убави елки и светликави украси, некаде се ангажирани илјадници работници, многумина имаат само 15 години и се платени 42 пени (помалку од половина долар) за час!
За тие пари, тие се задолжени да ни го направат Среќен Божиќ и Нова Година.
Во Јиву се наоѓаат дури 600 фабрики, а поголем дел од производите се наменети за извоз. Вработените се често сиромашни луѓе од руралните средини кои живеат во работничките домови по 50 недели годишно разделени од своите семејства.
Работното време почнува во седум, а завршува во девет часот. Но, многумина од нив се незадоволни.
„Се доселив овде во потрага за подобар живот. Нема да работам во оваа фабрика засекогаш“, рекла Жао Јимин за Дејли Мејл.
Нејзината 18-годишна другарка Јанг Гуи Хуа вели дека заработува 6 долари за 14 часа работа дневно.
„Произведувам вештачки елки, тешка е работата, но кога се научам да бидам побрза ќе заработувам повеќе. Некои жени заработуваат и околу 10 долари на ден, но треба време додека да се дојде на тоа ниво“, рекла Јанг.
За разлика од сиромашните работници, сопствениците на фабриките се милионери.
Ренг Гуоан (42) го нарекуваат крал на божиќните елки.
„Следната година ќе се преселиме во нова, уште поголема фабрика и работните услови ќе бидат подобри. Во своите соби работниците ќе имаат ТВ и интернет. Сакаме да ги направиме среќни, за да не ја менуваат често работата“, вели Ренг.
Бројни сопственици на фабрики пред дваесет години не знаеле ниту што е Божиќ, но тогаш препознале потенцијал во тој празник и честата потреба на „западњаците“ од купување на евтини божиќни украси.
„За нас Божиќ е бизнис“, заклучуваат Кинезите.
Во видеото може да погледнете како изгледаат таквите фабрики: