Горда мајка: Снежана Ѓуришиќ ја покажа наследничката, па и упати емотивна порака
За Снежана Ѓуришиќ 21 мај е од посебно значење, бидејќи токму на денешен ден пред 44 години роди девојче на кое и го дала името Маја. По тој повод Снежана се огласи на својот Инстаграм профил и покажа колку Маја е нејзина слика и прилика.
- На денешен ден во 1978 година бев најсреќната жена на светот. Добив здрава девојка со која се гордеам затоа што денес е убава и образована жена, прекрасна мајка и сопруга. Бидете живи, здрави и среќни уште 100 години. Среќен ти роденден, мајчина љубов - гордо рече Снежана, по што честитките почнаа да се редат.
Инаку, нејзината наследничка веќе подолго време живее во Америка со сопругот и двете деца Теодор и Лука. Иако има талент за музика, Маја никогаш не сакала да тргне по патот на нејзината мајка, а Снежана често истакнувала дека нејзината наследничка пее подобро од неа.
Пејачката покрај ќерката ги има и синот Марко и внукот Милош, а често истакнува како децата и внуците и го исполниле животот и ја направиле многу горда мајка и баба.
Фото: Инстаграм